Од денес лични карти ќе се подигаат во полициските станици во Скопје

од Nikola Popovski
754 прегледи

Oд денеска МВР во Скопје почна со издавање лични карти во надлежните полициски станици, според местото на живеење.

Oд Mинистерството велат дека по анализата на успешноста на доставање лични карти на домашна адреса довело до заклучок дека постапката е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна и дека го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои биле задолжени за достава.

-Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта, порачаа од МВР.

Подигнувањето на пасоши останува како и до сега и остануваат најголем проблем. Според последните информации на МВР од вкупниот број на 2.500.000 државјани кои поседуваат македонска патна исправа, до сега променети се 1.400.000. Повеќе од еден милион се уште не ја започнале постапката.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во петокот во Грција се сретна со директорот на Веридос, компанијата која ги произведува обрасците за патни исправи и било разговарано за поголема динамика на испораката на обрасците.

-Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни, соопшти МВР.

Слични содржини