Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја.
-Во текот на денешниот ден (вторник, 3 август) стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ државата. Мораме да ја заштитиме безбедноста на граѓаните и да спречиме ширење на пожарите, соопштија од Владата.
Ова следи откако во текот на вчерашниот ден се појавија неколку пожари на територијата на земјава, од кои најтешки за локализирање беа во Кочани и Старо Нагоричане, кумановско.