Од денеска на сила воена состојба во четирите анектирани украински региони

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Од денеска на сила е воена состојба во украинските региони, кои на референдумот се изјаснја за приклучување кон Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера на состанокот на Советот за безбедност на Русија најави дека треба да се формираат штабови за територијална одбрана во самопрогласените Луганска и Доњецка Народна Република, како и во областите Запорожје и Херсон, пренесува РИА Новости.

Воената состојба во областите на ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје предвидува евакуација на економски, социјални и културни објекти, привремено преместување на жителите во безбедни области, воведување посебен режим за влез и излез на територијата, конфискација на имоти неопходни за одбранбени цели со последователна исплата од државата.

Слични содржини