Од денеска не важат документите со старото уставно име, еве колку е казната за непочитување

од Nikola Popovski
89 прегледи

Возачките дозволи со старото име на државата од денеска престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со старата возачка ќе бидат санкционирани со парична казна, предупредија од МВР. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.

Според податоците на МВР, остануваат уште околу 150 илјади возачки дозволи кои треба да се заменат.

Министерството за внатрешни работи ги повика сите граѓани кои сè уште не ги обновиле возачките дозволи да го сторат тоа до истекот на рокот. Велат, службите функционираат со полн капацитет.

По промената на уставното име на државата, согласно Преспанскиот договор, граѓаните имаа обврска да ги промени патните исправи, личните карти и возачките дозволи. Договорот стапи на сила на 12 февруари 2019 година и во него беше предвидено рок од пет години за промена на документите.

Возачките кои ќе бидат затекнати со стара возачка дозвола, според Законот за безбедност во сообраќајот, ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.

Истече и рокот за замен на регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31 декември 2024 година. Налепници НМК граѓаните можеше да обезбедат во сите станици за технички преглед.

Слични содржини