Од денеска зголемени плати во МВР за 10%

од Nikola Popovski
250 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информираше дека согласно измените во Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кои основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10%, денеска на сите вработени во МВР со исплатата на платата за месец септември, добиле 10% зголемена плата.

-Со посебно задоволство можам да кажам дека од 2016 досега реализиравме 5 покачувања на платата за сите вработени во МВР, и тоа во 2016, 2019, 2022 за 5%, во март 2023 линеарно зголемување во бруто износ од 3.086 ден, а согласно измените во Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кои основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10%, сите вработени во МВР со исплатата на платата за месец септември, добија 10% зголемена плата, истакна Спасовски.

Министерот појасни дека во 2019, за првпат од 1991, за 4.821 униформирани вработени, со зголемување за 10 и 20 на бодовите на плата само за работната позиција „полицаец“, се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени.

-Покрај ова, во 2020 година постигнавме зголемување на основна компонента на плата во висина од 20% и 30 %, во зависност од сложеноста на работа, за вработените во Одделот за информатика и телекомуникации, а во 2022, заради усогласување со Законот за минимална плата, вработените во МВР кои не се овластени добија покачување со платата за месец март и тоа за сите работни места, а истовремено ги зголемивме платите на вработените во Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика и во ИПА Одделението, со што се спречи одлив на вработени од овие организациски единици, соопшти министерот за внатрешни работи.

Исто така до крајот на годината, предвиден е и регрес за годишен одмор од 10 000 денари за секој полициски службеник

Слични содржини