Од грип починаа две лица кои не биле вакцинирани

од Nikola Popovski
29 прегледи

Во текот на 5-та недела од 2025 година (27.01-02.02.2025), во Македонија се пријавени 3.036 (I=165,3/100.000) случаj на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7% повеќе во споредба со претходната недела (n=1.878), информираат од Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 5-та недела од минатата сезона (n=1.653) е зголемен за 83,7%, а во споредба со бројот за 5-та недела од типичната епидемиска крива, зголемен е за 35,4%.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.650 лица се на возраст од 15-64 години, 720 кај деца на возраст од 5-14 години, 412 кај деца на возраст од 0-4 години и 254 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (426,9/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години, а кај децата од 5-14 години инциденцата изнесува 335,2/100.00.

Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 978, Кавадарци – 327, Струмица – 320, Куманово – 168, Охрид – 156, Битола – 143, Штип – 103, а во останатите, бројот на заболени е ≤100.

Во текот на оваа недела, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 59-77 години од Скопје и Свети Николе кои биле хоспитализирано во КИБФС и КБ Штип. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети и не биле вакцинирани со вакцина
против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza A – несубтипизиран.

Слични содржини