Од Хрватска за 3,5 години си заминале 525 лекари

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Во последните 3,5 години Хрватска ја напуштиле дури 525 лекари, повеќето жени отколку мажи, со просечна возраст од 39 години, а доколку набрзо не се преземат конкретни мерки во следните неколку години здравјето ќе стане привилегија на ретките, предупредува Хрватската лекарска комора, пренесе Танјуг.

Како што соопшти Комората, земјите во кои хрватските лекари заминале се Велика Британија, Ирска, Германија, Австрија и Шведска. Дури 305 лекари специјалисти се одлучиле на заминување од Хрватска, а без специјализација заминал 221 лекар.

Анализата на податоци покажа дека меѓу специјалистите, најголем број се анестезиолози (53) и интернисти (34), а следат психијатри (33), радиолози (26), гинеколози (22) и општи хирурзи. Меѓу оние кои го напуштиле хрватскиот здравствен систем се и 43 доктори на науки и 16 магистри.

-Фактот дека од Хрватска заминале 221 лекар без специјализација е доказ дека воведувањето на младите луѓе во системот на специјализација е пребавен и неатрактивен, односно дека условите за почнување специјализација во Хрватска (таканаречените робовладетелски договори) се неприфатливи за младите лекари, изјави потпретседателот на ХЛК, Крешимир Луетиќ, пренесе Индекс.хр.

Најмногу лекара си заминале од Загреб (204) и Приморско-горанската жупанија (63), а најмалку од Пожечко-славонската жупанија.

Слични содржини