Од идната недела: Стартува новиот пакет мерки и викендот без ДДВ

од Берта Китинска
333 прегледи

Новите економски мерки од четвртиот пакет за поддршка на стопанството ќе почнат да се користат од наредната недела, најави денеска вицепремиерот, Фатмир Битиќи.

Како што информира Битиќи денеска во Штип, се прават и последните законски подготовки за викендот без ДДВ.

-Првата мерка е веќе следната недела, се прават последните законски подготовки за викендот без ДДВ и веќе, да кажеме дека сме во средина на подготовка на следните законски измени, секако субвенционирањето на плата ќе го опфати октомври. Тоа значи дека до крај на октомври ќе ги имаме законско решение, ќе почнеме веќе од наредниот викенд и секој месец една по една од мерките ќе биде активна, вели Битиќи.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања ја посети компанијата „Актива“ и имаше средба со стопанствениците од Штип.

Слични содржини