Сите го знаете изразот „банана држава“, но дали знаете што тоа навистина значи?

Колку луѓе навистина знаат што значи овој израз и од каде води потекло?
Во секојдневниот разговор со луѓето кои се незадоволни од некој режим во било која земја , често можеме да го чуеме изразот „банана – држава“, дури и кога дотичната земја нема никаква врска со одгледувањето на ова тропско овошје.
Налепниците на овошјето само ги вадиме и не обрнуваме внимание на нив. Тие кријат важни работи, еве што значат!
Дека „банана држава е погрдно име за политички нестабилните земји, знаеме одамна. Кога некој е незадоволен со некој режим, кога од сите страни сме опколени со лоши вестина сметка на бирократијата и администрацијата, кога ни се чини дека ништо околу нас не е како што треба, сите резигнирано го изговараме тоа прочуено-„Ма, ние сме банана-република“.
Сепак, колку луѓе навистина знаат што значи и од каде води потекло тој израз?
Дефиницијата е јасна и секој би можел само да заклучи дека станува збор за земјите кои зависат од земјоделскиот извоз на една моноккултура, а бидејќи поимот настанал во Средна Америка, со самото тоа е логично дека станува збор за бананите.
Првобитно, овој термин се однесува на средноамериканските земји како Хондурас, Никарагва и Панама, каде политичарите и стопанството со децении биле под влијание на компаниите кои се занимаваат со продукција на тропското овошје. Економската моќ на тие странски (највеќе американски) компании била поголема отколку политичката моќ на власта, а камоли на населението на тие земји.
Банана –републиките се политички нестабилни земји во кои владее корумпираност, а често власта ја држи диктаторската воена хунта.
Инфраструктурата е слаба, како и образованието, а стопанството е примитивно. Државата се потпира на надворечниот капитал и често доаѓа до големи инфлации.
Банана – републиките се склони кон револуции и воени удари
Со самото тоа, денес овој пежоративен термин се користи за земјите од таканареченито трет свет, во кои странските фирми имаат влијание на се- од постанокот на корупцијата, криминалот и непотизмот, па се до сомнителните изборни резултати..
Меѓутоа , изразот е чест и во жолтиот печат и расправите во развиените земји, како Швајцарија, Германија или Франција, во моментите на осудување на разни политички потези.
Занимливо е дека изразот е книжевен , поточно-дека настанал во американската книжевност. Писателот Вилијам Сидни Портер, кој пишувал под псевдонимот О. Хенри, го објавил романот„Зеи и кралови„ 1904 година, а во него алудирал на Хондурас, во реченицата- „Во тоа време имавме договор со секоја странска земја, освен со Белгија , и таа банана република, Анхурија“.
С.В.