Организациониот комитет на музичкиот натпревар “Евровизија” ја смета Москва како можно место за спроведување на фестивалот во 2017 година поради проблеми на украинските власти со Комитетот.
Ова го соопшти германското издание “Билд”, повикувајќи се на извори од организацискиот комитет. Како причина за промената се наведуваат проблеми на украинската страна со финансирањето на конкурсот.
Се забележува дека за Украина тоа би било двојно повеќе непријатно, откако претходниот натпревар на “Евровизија” во Шведска беше освоен од украинската пејачка со песната “1944”, која многумина ја прифатија како антируска.
Претседателката на надворешнополитичката комисија во украинскиот парламент Ана Гопко изјави за “Билд”: “Постои реална закана дека манифестацијата може да се одржи во друга земја. За нас тоа би било катастрофа “.