Од коронавирус починаа пациенти на возраст од 55 до 86 години

од Берта Китинска
89 прегледи

Во болница починаа шестмина пациенти по компликации од ковид-19, а во последните 24 часа се направени 484 тестирања и регистрирани се 37 нови случаи.

Министерството за здравство соопшти дека починатите се пациенти од Скопје (73 години), Струга (79), Гостивар (55), Крива Паланка (63), Делчево (86) и од Кичево (74).

Најмногу нови заболени од последната статистика има во Скопје-9, па следат: Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.

Слични содржини