164
Министерството за здравство денеска соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години.
Во денешната евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Струшко Лабуништа, кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен.
Пациентот починал пред три дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.