Од коронавирус во светот починале 364.362 лица

од Vladimir Zorba

Најмалку 364.362 лица починале од коронавирус во светот, додека повеќе од 5.931.510 лица биле заразени во 196 земји и територии, вели новиот биланс собран до 11:00 часот денес (GMT), објави агенцијата Франс Прес.

Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка, бидејќи многу земји само тестираат пациенти на кои им е потребен болнички третман. Од вкупниот број заразени, најмалку 2.455.400 лица се сметаат за излечени.

САД, каде што е регистрирана првата смрт на почетокот на февруари, најмногу се погодени од вирусот. Во таа земја починале 102.836 лица, заболени се 1.747.087, а се излечиле 406.446.

По Соединетите држави, државите кои се најпогодени од вирусот со најголем број смртни случаи се: Велика Британија со 38.116 смртни случаи и 271.222 заразени, Италија (33.222 смртни случаи и 232.284 заразени), Франција (28.714 смртни случаи и 186.797 заразени) и Бразил (27.87 смртни случаи и 465,166 заразени).

Кина, без територијата на Хонг Конг и Макао, каде започна епидемијата во декември 2019 година, официјално има 82.999 заразени, 4.634 мртви, а бројот на излечени е 78.302.

Европа има 177.043 смртни случаи и 2.125.665 заразени, Соединетите држави и Канада 109.865 смртни случаи и 1.836.473 заразени, Латинска Америка и Карибите со 48.643 смртни случаи и 928.758 заразени, Азија 15,504 смртни случаи и 51.698 заразени, Средниот исток 9.258 смртни случаи и 385.512 заразени Африка 3.917 смртни случаи и 134.856 заразени и Океанија 132 смртни случаи и 8,555 заразени.

Франс Прес прави дневен биланс заснован врз државните податоци од земјите во светот и информациите од Светската здравствена организација.

Слични содржини