Од ковид 19 почина лингвистот Трајко Стаматоски

од Берта Китинска

Денеска, на пладне, на 95-годишна возраст почина проф. д-р Трајко Стаматоски, кој беше последниот жив македонист од првата генерација македонисти на проф. Блаже Конески.

Стаматоски беше претседател на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ од нејзиното основање (2001), којашто ги издава делата поврзани со животот и творештвото на Блаже Конески, но и за одбраната на македонскиот јазик дома и однадвор.

Проф. д-р Трајко Стаматоски беше и почесен претседател на фудбалскиот клуб „Вардар“, а пред тоа бил долгогодишен член на вардаровото раководство и како таков бил и главен и одговорен уредник на Монографијата објавена во 1987 година, по повод 40-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Стаматоски почина од последици на болеста ковид-19, за што во последните денови беше хоспитализиран и во ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје.

Слични содржини