182
Вчера беа евидентирани 37 починати пациенти како последица од ковид-19, а најмладиот има 22 години.
Од починатите, најголем број поточно 10 се од Скопје , осум се од Тетово, а по четири починати лица има во Куманово, од каде е и најмладиот починат пациент. Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава досега изнесува 176.494. Оздравени се 156.307 пациенти, а како последица од вирусот починале 5.938.