Од ковид почина 31 лице, најмладиот има 40 години

од Берта Китинска
472 прегледи

Во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19.

Почина 31 лицe, десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88г), тројца од Куманово (57, 74 и 81г), еден од Дебар (81г), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56г), двајца од Тетово (59 и 81г), еден пациент од Струга (75г), еден од Охрид (47г), еден од Кавадарци (51г), тројца од Гостивар (60, 75 и 68г), двајца од Струмица (72 и 83г), еден од Крушево (76г) и еден пациент од Делчево (65г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.