Од „лајт верзија“ до сеопшта Студена војна

од desk3
105 прегледи

Владимир Путин веднаш им одговори и на тандемот Барак Обама – Џон Кери со нивните критики кон руската политика во Сирија и на холандската комисија која ја истражуваше катастрофата на малезискиот Боинг.

 

yalta-large

Со предлог-законот со кој се замрзнува договорот со САД од 2000 година за уништување на вишокот плутониум, испратен од Кремљ до Државната дума, првпат се обврзува за целосно решавање на техничките проблеми на атомското вооружување со чисто политички барања: укинување на „законот Магнистки“, сопирање на санкциите и компензирање на штетите од нив. И значи, ако Американците го сториле тоа, Москва целосно ќе ја обнови важноста на договорот.

„Размислете за вашите закани!“

Сосема е јасно дека раководството на САД, дури и да бараше, не би можело да исполни ниту еден од тие услови без да ризикува конфронтација со Конгерсот и цунами од критики во медиумите. Путин совршено го знае тоа. Тој предвремено поставува неприменливи барања до Белата куќа. Претседателот на Русија истовремено го презира Барак Обама заради неговата слабост и не го сака заради неговата самоувереност.

Џон Кери длабоко верува дека е способен секого да убеди во што и да е, со што во сите овие години предизвикува прикриен потсмев и во Кремљ и на плоштадот Смоленскаја (каде што се наоѓа руското Министерство за надворешни работи). За да сфатиме какви чувства буди државниот секретар на САД во Москва, треба да се потсетиме како неговиот руски колега Сергеј Лавров, потсмевајќи му се, му врачи како подарок кошничка со зеленчуци од Сочи.

Указот и предлог законот кои беа донесени, отворено демистифицираат дека Кремљ нема повеќе никаква работа со денешната американска Администрација. Впечаток е дека рускиот претседател директно пушта искри кон Вашингтон: „Ајде де, исполнете барем една од заканите!“. И толку. Кери рече дека САД ги сопираат консултациите со Русија за сириското прашање.

Тоа нема никому во Москва да му недостасува. Има информации дека во Сирија се веќе распоредени противвоздушни ракетни системи С-300. Следниве денови, се очекува сириската армија пак да го нападне Алепо со воздушна поддршка од Русија без веќе дури ни формално да внимава што мислат за тоа Белата куќа и Стејт департментот.

Порака кон Трамп и Клинтон

Овој чекор на Кремљ отворено не се однесува само на Обама и Кери. Пораката е адресирана и кон идната американска Администрација и кон Западот во целина.

Договорот за уништување на плутониумот не е случајно избран. Прво, Москва одамна смета дека Русија повеќе исполнила од Америка, која подоцна ги оквалификува како неприфатливи методите предвидени во договорот за радиоактивни материјали. Второ, во случајот документот сам по себе е јасен симбол на тоа дека за Москва веќе нема забранети теми и дека е подготвена да ги стави под сомнеж сите договори од постсоветско време, од перестројката, па дури и од советската епоха.

Русија фактички го напушти и Договорот за конвенционалните вооружени сили во Европа. Со своите дејствија на Крим и Донбас, Кремљ покажа дека Заклучниот документ од хелсиншката повелба за безбедност и соработка во Европа од 1975 година, со кои европските граници се дефинираат како неменливи, исто веќе нема значење за Москва. Не би се зачудил ако руското раководство наскоро официјално објави дека не го смета за документ со кој Русија се обврзува.

Јалта 2?

Кремљ ги подгрева тензиите за да ја принуди следната админисѕрација на САД било да направи отстапки, било да ризикува понатамошна конфронтација со непредвидливи последици. Врвната цел на Кремљ е да издејствува нов „гранд баргејн“ за поделба на сферите на влијание во Европа и постсоветскиот простор.

Политиколозите често го нарекуваат тој проект Јалта 2, алузија на Јалтската конференција на сојузниците од антихитлеровата коалиција во февруари 1945 година. Таму Сталин, Рузвелт и Черчил ги решаваа судбините на повоена Европа.

Освен тоа, Москва се надева дека што и да се случувало во постсоветско време и по војната во Грузија во 2008 година, НАТО и ЕУ порано или подоцна ќе кажат: „Да ги извадиме на маса разидувањата меѓу нас за Крим, Украина и Сирија и да ја обновиме ограничената соработка“. Тоа може да се на пример, контакти меѓу војници по линија на НАТО или размена на информации за борба со тероризмот или пак помагање на владата во Авганистан.

Засега нема никакви знаци дека Западот ќе се согласи. Но, според Москва, нештата ќе тргнат на подобро по 20 јануари 2017 година, кога ќе стапи на должност новиот претседател на САД, особено ако е тоа Доналд Трамп.

Но, дури Вашингтон и Европејците да заземат тврда позиција, Путин нема намера да отстапи. Фактичкото зголемување на тајните буџетски средства за 700 милијарди рубљи, што беше објавено на 3 октомври, може да значи само едно: руското раководство е подготвено да премине од Студена „лајт“ војна кон сеопшта Студена војна 2.