Транссексуален пар го откри својот план за создавање на семејство заедно, откако ја објави својата желба да замрзнат свои сперма и јајце клетки, пишува Daily Mail.
Ако тоа се случи, тие ќе се првите трансџендер родители во Ирска.
Џејми О’Харлихи е од југозападна Ирска. Тој расте со брат си Клоу, со кого се и многу добри пријатели. Кога наполнил 14 години Џејми сфатил дека е геј. Клоу кој го поддржувал својот брат во тоа негово решение, решил да му помогне и сам се претворил во витка русокоса.
Двајцата браќа почнале хормонска терапија за да го стимулираат растот на градите, но во моментов Џејми го одложил третманот, бидејќи одлучил прво да си ја задржи спермата.

Пред ирскиот Mirror Џејми објаснува: “Клоуи ја започна трансформацијата во ноември, но докторот рече дека ако јас почнам со лекувањето без да замрзнам моја сперма, нема да бидам во можност да имам деца. Тоа ме натера да запрам, бидејќи секогаш сум сакал да имам деца “.
Историјата сепак има своето неверојатно продолжение. Исто така, 24-годишниот Џејми од 9 месеци се среќава со Хари Метјуз, кој пак обратно – е роден како девојче и сфатил дека сака да е маж.
Двајцата се нашле во Белфаст пред 9 месеци и сега се пар, но фактички си ги смениле улогите, појаснува весникот.
Засега двајцата се запираат од операција за промена на полот, бидејќи сакаат пред тоа да имаат сопствено бебе. Затоа решаваат и да замрзнат сперма и јајце клетки.
Џејми и Хари исто така ги штитат активно правата на транссексуалците и си имаат свој канал на YouTube – ThatTransCouple кој се посветиле на промената на полот и придружните во овој процес проблеми и искуства.
