Од месецов здравствените работници ќе добијат повисоки плати

од Nikola Popovski
216 прегледи

Двата репрезентативни синдикати на здравствените работници во Македонија денеска постигнаа договор со Владата за зголемување на платите на долг рок. Според информациите, платите од ноември во здравството ќе се зголемат за 10% согласно коефициентите, а веќе следната година во март ќе има 5% зголемување.

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека ќе има зголемување и во 2026 година меѓу 5 и 7%, во зависност во каква состојба ќе биде Буџетот. Според него, истото зголемување ќе биде и во 2027 година, а во 2028 година, покачувањето ќе биде од 7 до 10%. Според премиерот, ако се земе целиот период во низа, ќе се добие зголемување меѓу 40 и 50%.

Мицкоски информира и дека ќе има решение и за договорците во здравството кои со години имаат нерешен статус. Најави „пријатно изненадување“ во следниот период. Вели дека „се ќе биде решено“ и побара „малку трпение“.

Слични содржини