Од ова сите се плашевме: Погледнете како изгледа кашлање без маска и со неа (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
327 прегледи

Колку е важно да се чува дистанца покажуваат и професорите во лабораторијата во Филаделфија, кои користеле кукла за да покажат што се случува кога некој кашла и не носи маска, и како капките се шират кога маската ќе се стави на лицето.

Куклата била исполнета со мешавина од глицерин и вода и симулирала кашлица со помош на пумпа за да видат колку далеку ќе патуваат капките.

Професорите прво тестирале како се шират капките ако маската не се носи. Веќе во првиот наплив на кашлица капките поминуваат околу еден метар. Во следните пет секунди, капките веќе се на околу два метри од куклата, а за само 10 секунди поминале 2,7 метри.

Маглата направена од капките лежеше во воздухот некое време, исто така се движеше напред, и беа потребни околу 40 секунди за маглата да помине уште 2 метри. При секој обид, капките значително надминуваа два метра, што е препорачливо растојание.

– На околу 2,7 метри, доколку условите се поволни, капките може да се задржат уште две до три минути, но утешно е што не се толку густи како на два метра, – рече професорот Манар Данак.

Кога ќе се стави маска, експериментот покажува дека одреден дел од капките пробиваат од страна, но капките не патуваат толку колку што кога куклата нема маска.

– Два метри е најмалото растојание што треба да го задржиме, но би рекле дека што подалеку тоа подобро – порачува Манар Данак.