Од почетокот на кризата: Секој четврти млад човек под 29 години останал без работа

од Берта Китинска
271 прегледи

Во нашата земја, според официјалните податоци, од почетокот на кризата, речиси 12.000 луѓе останаа без работа и без егзистенција.

-Речиси 3.300 од нив се млади луѓе под 29 години (не сметајќи ги лицата кои работат во неформалната економија).Секој 4-ти човек кој останал без работа е млад човек под 29 години, што дополнително ја отежнува состојбата со младинската невработеност во земјата која е меѓу највисоките во Европа, а изнесува 35 проценти, велат од ССМ.

Тие повикуваат да се слушне и нивниот глас и бараат од сите релевантни чинители во општеството, не само декларативно, туку реално да обезбедат поголема заштита за нивните рабтонички права и да обезбедат сигурни работни места, поголема социјална и економска сигурност и инклузивност во процесот на креирање и имплементирање на младинските политики.

-Ние, како млади луѓе сакаме слобода и право на синдикално организирање, затоа што сме свесни дека колективната борба е борба за подобро утре за сите, порачуваат младите од ССМ.

Под мотото „Кризата не боли и нас“, секцијата на млади на Сојуз на синдикатите на Македонија ССМ (СМССМ) заедно со младите вработени, членови на синдикатите од регионот и Европа се приклучува кон одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12 август, Активни млади за глобална акција.

Слични содржини