Од полноќ поевтинуваат сите горива

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на одлуката од 10.11.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00ден/лит, малопродажната цена на на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит,  додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,411 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,332 ден/кг.

Од 14.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,332 (денари/килограм)

Слични содржини