Од понеделник операторите ќе го прекинат реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали

од Берта Китинска
348 прегледи

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заради фактот што, како што вели, во атмосфера на прилично голема недоверба меѓу операторите и радиодифузерите сите сме приморани да седнеме на маса и да најдеме брзо ама реално решение за проблемот.

-Овој закон беше донесен во една многу долга, инклузивна и јавна процедура со добиена поддршка од Европската комисија и високиот претставник за медиуми на ОБСЕ Арлем Дезир. Се јави проблем во делот на имплементацијата на дел од законот во делот на почитување на авторсктие права. Мора да си признаеме дека сме еддна од последните земји во Европа, ако не и последната што имаме проблем со авторските права. Мораше нешто да се направи за да се смени состојбата со флагрантното кршење на авторските права кај нас и затоа пред распуштање на Собранието само го ставивме во сила Законот кој е донесен во декември 2018 година во максимално инклузивен и транспарентен процес со многу јавни дебати на кои беа консултирани сите заинтересирани страни, рече Манчевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во МИОА.

Се уште сум, нагласи, оптимист дека ќе најдеме решение.

-Интензивно комуницираме на темата со радиодифузерите и операторите сега и пред декември 2018 година и сме имале бројни состаноци за да се обидеме да најдеме решение. Законот се донесе со целосен консензус во Собранието и го поддржаа сите политички партии и со договор помеѓу радидифузерите и операторите. Проблем е на сите тоа што во овие повеќе од една година никој ништо не направи за да се подобри состојбата. Сега се обидуваме да најдеме решение кое ќе значи средување на состојбата, но без да има штета на грбот на граѓаните и корисниците на услугите. Уверен сум дека такво решение постои и оти ќе го имплементираме, рече Манчевски.

Доколку сите ги почитуваат законите, посочи, нема да има проблем, а тоа што не се почитуваат законите и Владата и државата ги наведуваат кон решенија во кои мора дополнително да се регулира нешто што е јасно – не треба да се емитува или реемитува нешто за што нема авторски права

Слични содржини