Од понеделник за првпат пролетен распуст за учениците

од Nikola Popovski
195 прегледи

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29-ти април, заклучно со 6-ти мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17-ти јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10-ти јуни.

Училиштата нема да работат на 8-ми мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7-ми мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

Слични содржини