Бројките на Институтот за јавно здравје во Скопје покажуваат дека во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица.
Црниот биланс по градови изнесува: 6 од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 починати лица од Кочани (66г, 63г), по едно починато лице од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.