187
Фудбалерот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Сенегал, Садио Мане, од религиозни причини одбил да се слика со пиво, за време на промотивна фотосесија за германскиот клуб.
По повод Октоберфест, фудбалерите на баварскиот гигант се фотографираа држејќи пиво во раце и облечени во облека карактеристична за споменатиот фестивал, но Сенегалецот одби да допира алкохол, бидејќи исламската религија строго му забранува.
Неговиот пример го следеше Мароканецот Нусаир Мазрауи, кој летово од Ајакс пристигна во Минхен.
Фудбалерите на Баерн Минхен традиционално се промотори на Октоберфест, кој е важен за баварската култура и се одржува секоја година од средината или крајот на септември до првата недела на октомври.