Од руски и српски војници до бегство на Лукашенко: Топ пет лажни вести за протестите во Белорусија

од Nikola Popovski
138 прегледи

Претседателската кампања во Белорусија, а потоа и протестите што следуваа, беа полни со лажни вести. Најпопуларните беа оние што се однесуваат на присуството на руската армија и за бегството на претседателот Александар Лукашенко од земјата. Во продолжение прочитајте ги петте дезинформации кои предизвикаа најголемо внимание на светот.

Тенкови во градот

За време на белоруските пост-изборни протести, на Интернет се појавиле лажни информации за руски тенкови кои се упатуваат кон границата со Белорусија. Треба да се напомене дека ова не е првпат да се пласираат вакви вести за руските активности.

Првиот случај е забележан на 11 август, кога корисниците на социјалните мрежи објавиле фотографии, во кои „руските тенкови го напуштаат Смољенс за да влезат во Белорусија“. По извесно време, било јасно дека фотографијата е направена на таков начин што некој „снимил“ видео на кое се прикажани снимки од воената парада од 9 мај 2017 година. Ако подетално погледнете, можете дури и да го видите снегот.

Втората колона на руски возила, како што подоцна било објаснето, е снимена во регионот Ленинград, на 400 километри од границата со Белорусија. Снимки од воената парада во Белорусија биле користени повторно.

На социјалните мрежи кружела и фотографија од српски војник во супермаркет. Некои коментирале дека Србија е исто така вклучена, коментираа дека станува збор за руски „десант“ (затоа што знамињата на Русија и Србија се многу слични). На крајот, српскиот претседател Александар Вучиќ ги негирал информациите дека армијата е испратена за да и помогне на белоруската влада. Српските војници дошле да учествуваат на Меѓународните воени игри „Армија 2020“.

Дури и Лукашенко морал да го негира присуството на руската армија во Белорусија. Тој го постави прашањето на состанокот на Советот за безбедност десет дена по изборите.

„Лаги се објавуваат на Интернет: странска армија и руски воени возила во Белорусија. Веројатно сте виделе кога почнале да кружат лажни информации. Тие поставуваат колона воени возила – не е познато кога е снимено, чија е и на кој пат се наоѓаат, но тие велат дека започнале од руската граница во Орша“, рекол Лукашенко во таа пригода.

Снајперисти на покрив

Ништо помалку застрашувачка беше веста за „руските специјални единици“ и „руските снајперисти“, кои ќе ги растеруваат мирни протести на улиците на Белорусија и ќе спроведат провокации меѓу демонстрантите. Дури и пред изборите, на социјалните мрежи биле објавени најави дека Кремљ ја подготвува својата опција за развој на ситуацијата во Белорусија и дека неколку воени хеликоптери со руски специјални сили веќе слетале во близина на Минск.

Откако започнаа протестите, се ширела веста дека вооружени лица со снајперисти стојат на покривите на зградите. Наводно, луѓето во руски униформи биле забележани во растурањето на демонстрантите. Подоцна биле откриено дека униформите што луѓето ги виделе не се руски, туку нови униформи на белоруските безбедносни сили.

Околу десетици луѓе убиени во Минск

Информацијата дека 34 лица загинале за време на протестот во Минск експлодирале како експлозија. Дописниците на позната руска телевизија интервјуирале „доктор од Минск“, кој се претставил како директор на Одделот за прва помош. Тој рекол дека неколку десетици луѓе загинале во текот на четирите дена од протестите. Подоцна било откриено дека „докторот“лажел за себе, но и  за жртвите. На крајот, главниот уредник на телевизијата „Дожд“, Тихон Дзјадко, прво во емисијата, а потоа и лично на каналот „Телеграм“, се извини за пласирањето лажни информации.

За Лукашенко

Најчитаните лажни вести во Белорусија отсекогаш биле за претседателот Александар Лукашенко. Во „мирно време“, тоа била вест за неговата млада љубовница, за сметките во странство и бројните вили. За време на претседателските избори, првата вест била дека тој ја напуштил Белорусија со своите синови, земајќи го со себе „златото на партијата“ и отишол во арапска земја, а втората – дека се скрил во неговиот бункер. На првиот масовен контра-митинг во Минск, Лукашенко изјави дека не е точно дека тој избегал и се појави пред луѓето со неговиот помлад син Николај.

Пушки во хеликоптерот

Една од последните лаги што се прошириле било дека Лукашенко се исплашил од демонстрантите кои се движече кон Палатата на независноста (резиденцијата на претседателот) во Минск и дека се скрил некаде. Неговата портпаролка Наталија Ејсмонт ја демантирала веста со снимките на кои се гледало како Лукашенко излегува од хеликоптерот, држејќи митралез во рацете придружуван од неговиот син Николај во униформа на специјалните сили.

Слични содржини