Од што се плаши секој хороскопски знак

403 прегледи

Сите луѓе се плашат од нешто и тоа е сосем природно. Без разлика колку знаците се познати по својата храброст и бестрашност и тие имаат слаби точки, но сите реагираат поинаку.

Еве кои се најкукавичните работи кои хороскопските знаци ги прават.

Овен

Овните лажат како би се извлекле од незгодни ситуации и да ја бранат својата лага до смрт. Никогаш нема да се извинат поради своите лаги и нема да имате прилика да им докажете дека ве лажеле.

Бик

Биковите се плашат да им веруваат на луѓето. Тие попрво ќе се откажат отколку да се впуштат во нешто во што не се сигурни.Не се обидуваат, не се трудат и ги губар добрите прилики поради овој ирационалниот страв.

Близнаци

Припадниците на овој знак се плашат од расправии со луѓе. Доколку се скарате со нив, тие ќе ја напуштат просторијата без збор и оставајќи ве вас да се прашувате што им е во главата. После тоа нема да слушнете ниту збор на таа тема.

Рак

Наместо да ги прифатите околностите и да продолжете со својот живот, припадниците на овој знак се држат до она што го мразат и дозволуваат тоа да ги претвори во огорчени кукавици. Ракот се плаши од пораснување и напредок.

Лав

Лавовите мислат дека се храбри, но тоа не е точно. Тие истапуваат само доколку некој ги гледа, а доколку немаат публика се повлекуваат на сигурно. Нивниот кукавичлук се изразува во социјалната анксиозност.

Девица

Припадниците на овој знак се заглавени и не напредуваат. Тие се плашат од иднината и во неа не гледаат ништо освен беда па се вкопуваат во едно место на кое сакаат да останат засекогаш. Кукавичлукот се покажува во лошите животни одлуки.

Вага

Вагата сака луѓето да ја сакаат па ќе каже се за да ги усреќи, дури и ако тоа значи дека мора да лажат. Често се случува Вагите да не исполнат ветување, а нивните лаги се само знак на страв.

Скорпија

Скорпиите сакаат да учествуваат во се, но само до некаде, не до крај. Скорпиите се плашат од обврски и во откажувањата најмногу се гледа колку се кукавици.

Стрелец

Стрелците одбиваат да бидат конфронтирани. Тие се плашат дека некој ќе заклучи дека тие се „обични луѓе“, па радо ќе се изолираат и ќе бидат само, отколку да дозволат некој да има такво мислење.

Јарец

Јарецот сака тим и се плаши дека нема да успее во тоа. Припадниците на овој знак имаат очајничка потреба да им се допаднат на другите и доколку почувствуваат дека тоа не им оди од рака, ќе дадат се само за да им се допаднете. Тие се плашат да го искажат својот став и патат поради тоа.

Водолија

Кај Водолиите стравот од светот се претворил во огромни одбрамбени слоеви. Тие портојано ги бранат своите постапки и ретко застануваат да се прашаат што прават исправно. Нивниот кукавичлук почива на стравот да бидат објективни.

Риби

Како и Вагите и Рибите се плашат од несогласувања со луѓето па животот го помимнуваат работејќи и зборувајќи работи само за да избегнат отфрлување.

Слични содржини