Од попладневното силно невреме проселедено со град колку орев, што го зафати Скопје, оштетен е покривот на Чифте амамот во Старата Скопска чаршија. Сите стакала на куполите на Чифе амамот чиј објект е на Нациоалната галерија на Македонија, се искршени. Одговорните велат дека, штетата во моментов е само материјална. Објектот ќе се заштити во текот на ноќта. Работиме на санирање на таа состојба, од утре стручни екипи ќе излезат и ќе направат итна санација на покривот, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски. 
Инаку Чифте-амамот или јавната бања е подигнат во средината на XV век од страна на Иса бег и е завештан за потребите на издржување на неговите задолжбини во Скопје, медресата и теќето. И во машкиот и во женскиот дел ритуалот на капење бил идентичен. Од гардеробата се влегувало во просторијата за аклиматизација. Од неа се влегувало во помошните простории (во женскиот оддел депилација и тоалет, а во машкиот – берберница и тоалет) и во главната просторија за капење. На средината на оваа просторија имало постамент од камен на кој се лежело за препотување или масажа. Ова место во женскиот дел се викало „роза на амамот“. Околу имало три простории со повискока температура, т.н. халвети. Покрај ѕидовите на главната просторија и во халветите, имало поплочени седишта и мермерни корита (курна), од кои се црпелаа водата за капење. Еден од халветите во женскиот дел на амамот бил адаптиран за ритуално капење на скопските евреи и во него наместо мермерно корито имало базен.