Од Скопје за Истанбул авио-билетите намалени на 110 евра

од desk2
108 прегледи

Туркиш ерлајнс подготви специјални пакети за летови во многу градови на Балканот, Кавказ и другите региони, а од Скопје до Истанбул со повратен билет ќе може да се патува за 110 евра, вклучувајќи ги сите трошоци, пренесува Анадолија.

Пакетот на намалени цени на летови се однесува на ограничен број места и заинтересираните патници можат да ги купат своите билети до 15 октомври за летови до крајот на март следната година.

Цената од 110 евра важо за Сараево, Подгорица, Скопје, Приштина, Тирана, Љубљана, Загреб, Дубровник, Софија и Кишињев, додека летовите од Букурешт ќе чинат 120 евра и 130 евра од Белград.