352
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека од министерството остануваат на ставот со вакцината АстраЗенека да бидат вакцинирани само лицата постари од 60 години.
– Следната недела ќе почнеме да го издаваме „грин пас“ тоа ќе биде електронски QR-код кој ќе има податоци за вакцината, ПЦР тест и антитела. Сите лица кои ќе патуваат во странство овие податоци ќе ги имаат со себе, вели Филипче.