Од Софија нема интерес за средба со Муцунски и Николоски за иднината на Коридорот 8

од Nikola Popovski
113 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски смета дека Европскиот парламент ќе ја продолжои традицијата на извештаи кои што се позитивни кон напредокот врз основ на мерит и критериуми и поддршката за што побрзо членство на Македонија во ЕУ. Министерот информира дека во Луксумберг на состанокот на министрите за надворешни работи, имал средба со еврокомесарката Марта Кос и со нејзиниот тим. Вели дека има постојана дневна комуникација.

-Своевремено сме информирани како течат процесите и работиме на повеќе иницијативи кои што се насочени на откочување на нашиот евроинтеграциски процес. Нашите позиции се јасно втемелени во она што е наше очекување – да се стави крај на билатеразицијата на европската интеграција. Тоа штети на целиот регион и остава простор утре и другите земји од регионот да се соочуваат со исти предизвици. Нашата е цел полноправно членство во ЕУ, заедно со сите други земји од регионот, рече Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со потпретседателот на Владата на Црна Гора и министер за надворешни работи, Ервин Ибрахимовиќ.

На прашањето што доколку Македонија го пропушти евентуалниот рок за членство во ЕУ во 2030 година, Муцунски рече дека некое време се работи на организирање на заедничка средба, без позитивен фид-бек, меѓу него, министерот за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска со нивните колеги од бугарска страна за иднината на Коридорот 8.

-За жал, подолг период немаме позитивен одговор, но ќе продолжиме да работиме на остварување и на таа средба. Дијалог и комуникација постојано има. Доколку застане дијалогот од наша страна, тогаш ќе бидеме соучесници на закочување на европската интеграција на државата, кажа шефот на дипломатијата.

-Што доколку утре се случат уставните измени и после шест месеци повторно сме во иста ситуација? Повторно ќе треба дијалог и преговори, но и повторно ќе биде закочен процесот на преговори, истакна Муцунски и додаде дека бараме компромис кој што ќе биде рационален.

Слични содржини