Од среда градинките ќе функционираат под строго утврден протокол

од Берта Китинска
297 прегледи

Од среда започнуваа со работа градинките.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на денешната прес конференција нагласи дека воспитно- образовните установи имаат капацитет за 19.000, а биле пријавени 14.555 деца.

Министерот за здравство Венко Филипче потенцираше дека градинките ќе функционираат под строго утврден протокол.

Почитувањето на мерките од протоколот ќе ги заштити најмалите и сите вклучени во воспитно-згрижувачкиот процес:

-Секоја установа треба да обезбеди доволна количина на лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените;
Средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот и задолжително треба да има бесконтактен термометар на влез на установата; Задолжително е проветрувањето на просториите во согласност со временските услови и не се користи вештачка вентилација;Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории;Не смее да се користат играчки што не се перат и дезинфицираат;Доколку родителот забележи појава на симптоми на болест кај детето, да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар, се дел од протоколите кои ќе треба да се почитуваат од наредната недела.

Слични содржини