Од судница ги носевме во притвор се со цел да се избегне бегство а сега…!?

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Во времето додека јас бев активен судија, веднаш откако Кривичниот совет на Апелациониот суд ќе ја  донесеше одлуката, се информираа  обвинетиот и адвокатите и тој  се носеше во притвор.

Сето тоа се правеше за да се избегне бегството, влиајнието врз сведоци, или евентуалното повторување на делото. Се случуваше обвинетиот  уште да не е излезен од Суд и буквално додека се куцаше одлуката, да  се организира неговото заминување во притвор. Според тогашните прописи, жалбата  не го одложуваше притворот. Ќе го однесат обвинетиот во истражен затвор и таму ќе го чека исходот од жалбата.

Ова во изјава за порталот СУДСТВО.МК го тврди врховниот судија во пензија и искусен кривичар, Агим Мифтари.

Распишана меѓународна потерница за Грујовски и Бошковски