219
Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук профил објви дека од утре Грција ќе ги отвори копнените граници за трети земји.
Како што се наведува во постот, за влез во Грција ќе биде потребен сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест или тест за антитела.
– Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела, напиша Заев.