Од утре ќе почне казнувањето за неносење маски на отворено

од Берта Китинска
411 прегледи

Задолжителното носење маски на отворено се уште не е стапено на сила. За Измените на Законот за заштита од заразни болести го чекаат потписот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Измените на Законот за заштита од заразни болести го чекаат мојот потпис, а  утре ќе  излезат во Службен весник,  ијави денеска Пендаровски.

Мерките за да станат правосилни треба најпрвин да се објават во Службен весник.

Со цел справување со заразата, во моментов на сила се неколку мерки како намален капацитет на превозот на патници на 50%, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 23 часот.

Воедно од денеска сите граѓани, освен оние кои спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено.

За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Маските мора да се носат за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз.Маска мора да се носи при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шестгодишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Забрането е групирање на јавен простор, паркови, јавни површини или било која површина на отворено, а казната е 500 евра.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Носењето на заштита маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни и совесни, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.

Слични содржини