Oд утре заедно со Министерството за образование ќе почнеме да бараме дозволи од родителите за да започне скринингот во училиштата, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче
– Од утре ќе биде испратено писмено барање до родителите, а од другата недела ќе почнеме со скринингот. Не е ништо страшно, обичен брис се зема, за да видиме дали ќе откриеме асимптоматски носители на вирусот. Требаше да започне скринингот оваа недела, претходна да биде завршен. Меѓутоа, нешто подолго потрае анализата на бројот на учениците во училиштата, основни и средни. Така што, со оглед на тоа што сега е готова методологијата, од утре ќе почнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа, почетокот на следната тоа ќе се обезбеди, за да од следната недела се спроведе скринингот, рече Филипче.