Од утре 1-ви јануари, личните документи и возачките дозволи со старото име на државата ќе престанат да важат. Оние кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата. На пунктовите не се забележува метеж и процесот на замена тече без проблеми.
Министерството за внатрешни работи ги повика сите граѓани кои сè уште не ги обновиле возачките дозволи да го сторат тоа до истекот на рокот. Велат, службите функционираат со полн капацитет.
По промената на уставното име на државата, согласно Преспанскиот договор, граѓаните имаа обврска да ги промени патните исправи, личните карти и возачките дозволи. Договорот стапи на сила на 12 февруари 2019 година и во него беше предвидено рок од пет години за промена на документите.
Возачките кои ќе бидат затекнати со стара возачка дозвола, според Законот за безбедност во сообраќајот, ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31 декември 2024 година. Налепници НМК граѓаните може да обезбедат во сите станици за технички преглед.