ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јуни.
Денеска е Преподобен Висарион Чудотворец.
Висарион беше по потекло Египќанец. Подвижничкиот живот го започна во своите рани години. Не остануваше долго на едно место, туку до својата старот одеше од едно на друго пусто место. На себе имаше само едно парче облека и истото го носеше и лете и зиме. Живеејќи во таков постојан подвиг, се удостои за дар на чудотворство. Исцелуваше од секакви болести и правеше многу чуда во полза на луѓето. Се упокои мирно околу 466 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Ромуалд.
Бил роден во 951 година, во Равена. На 20-годишна возраст се посветил на духовниот сталеж во редот на бенедиктинците и крстарел низ Апенините и Ломбардија. По три години живеел на подрачјето на Пореч во Истра. Честопати плачел поради духовната утеха со која Господ го обдарил. Проповедувал, а изградил и еден манастир. Умрел во 1027 година.
ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР
Времето за ифтар и суфур
Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 19 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 07 минути.
Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.
За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.