Од вторник обилни врнежи од дожд

од Vladimir Zorba
208 прегледи

 

Значителна промена на времето се очекува од вторник па се до крајот на наредната работна седмица, кога Македонија ќе подпадне под влијание на влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат поголема количина на воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.дозд2

На повеќе места во вторник и среда процесите ќе бидат интензивни проследени со обилни врнежи од дожд и во форма на невреме. Не е исклучена и појава на грмежи.

Поради зголемената облачност и северното воздушно струење, температурата на воздухот значително ќе опадне.

Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, како и да се превземат соодветни активности за заштита од поплави