Одбележување на Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна

од desk4
83 прегледи

  По повод Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна, денеска во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје ќе биде одржана комеморација.

Комеморација во знак на сеќавање на жртвите од овој геноцид ја организираат министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски и здружението на граѓани „Ромаверзитас“.

Сеќавањето за геноцидот врз Ромите од Втора светска војна ќе биде и низ изложба на фотографии и со читање поезија.