Одбележување на стогодишнина од Првата светска војна

од Марта Пешевска
104 прегледи

 На Британските воени гробишта во Скопје денеска ќе се одржи служба за сеќавање на паднатите борци во Првата светска војна во организација на Британската амбасада во Македонија.

На службата ќе присуствува британската амбасадорка Рејчел Галовеј, делегација на Министерстовото за одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, претставници на дипломатската заедница во Македонија и членови на британската заедница во Македонија, кои ќе положат цвеќе.