Одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

од Vladimir Zorba
74 прегледи

 Кинотеката на Македонија денеска напладне ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство 27 Октомври. „Твојата приказна во движење“ е мотото под кое годинава низ светот се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани.

Кинотеката на Македонија соопшти дека по повод овој ден ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењето на националното кинематографско наследство и потребата тоа да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кинотеката денеска ќе ја промовира својата нова веб-страница и нов број од списанието „Кинопис“. Ќе биде отворена и изложбата „Мис Стон: Помеѓу Елен и Автономија“ по повод 60-годишнината од премиерата на филмот „Мис Стон“ во режија на Жика Митровиќ.

Одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство го почна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓунаародните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA -Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations./МИА