Одбележување на Светскиот ден на ромскиот јазик

од Марта Пешевска
87 прегледи

Во медија центарот во Владата на Република Македонија денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на ромскиот јазик.

На настанот, ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, министерот за култура, Асаф Адеми, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Самка Ибраимоски и пратеникот во Собранието на Република Хрватска, Вељко Кајтази.

По завршување на свечените обраќања, како што информира владината прес-служба, ќе биде отворена изложба на фотографии.