Одбиено барањето за враќање на пасошот на Мијалков

од desk2
92 прегледи

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одбил барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за враќање на неговиот пасош.

Одбраната на Мијалков, според судот, на 21 февруари побарала да му се укине мерката за претпазливост. Мијалков е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство за кои се водат судски постапки.