Одбиено барањето на Мараја Кери да биде „кралица на Божиќот“

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Барањето на пејачката Мараја Кери да го патентира прекарот „кралица на Божиќот“ е одбиено од страна на Канцеларијата за патенти на САД.

Како што пренесе Би-Би-Си, американската ѕвезда била одбиена бидејќи нејзината компанија не одговорила на противењето на други пејачки.

Доколку нејзиното барање беше одобрено, таа ќе имаше право да ги спречи сите други уметници да го користат називот „кралица на Божиќот“ на своите изданија.

Нејзините барања за заштита на кратенката QOC (Кралица на Божиќот) и „Принцезата Божиќ“ беа исто така одбиени.

Да потсетиме, Мараја Кери стана симбол на божиќните празници уште од 1994 година кога ја објави песната „All I Want For Christmas Is You“.

Слични содржини