433
Одбојкарската репрезентација на Македонија ја совлада Турција со 3:1 во сетови и обезбеди пласман на Европското првенство.
За одбојкарите ова ќе биде втор настап на континенталното натпреварување кое годинава ќе се игра во Полска, Чешка, Естонија и Финска.
Вечерва во „Борис Трајковски“ одигравме одличен натпревар, предводени од извонредните Никола Ѓорѓиев и Александар Љафтов и на крајот заслужено се радувавме.
Љафтов забележа 23 поени, а капитенот Никола Ѓорѓиев имаше 24.
Одбојкарите завршуваат во групата со девет бода и сет-количник од 10-5, а пред нас се уште се Турција со 10-4.
Македонија на Европско првенство одиме како една од петте најдобри второпласирани селекции од седумте групи.