Одделот на Маск го затвора ФБИ и отпушта милиони државни службеници?

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Вивек Рамасвами, кој беше назначен од Доналд Трамп да раководи со новиот Оддел за владина ефикасност заедно со Илон Маск, смета дека треба да се затвори ФБИ, како и да бидат отпуштени 1,5 милиони државни службеници.

Тој, исто така, за време на кампањата најави дека сака „крстоносна војна“ против големата влада во Министерството за образование, даночната управа, како и за странската помош за Украина, Израел и Тајван.

Затворањето на државната агенција би било предмет на одобрување од Конгресот, но Рамасвами е решен да ја намали бирократијата за само две години, пишува „Јутарњи“. Неговиот оддел ќе даде препораки до Белата куќа за тоа како да ги намали големите делови од федералниот буџет од речиси 7 трилиони долари. Тоа е замисла и на милијардерот Илон Маск.

Трамп им даде рок на двајцата до 4 јули 2026 година да го поднесат извештајот и најави дека ќе иницира „драстични промени“ и ќе предложи големи структурни реформи, пренесе „Телеграф“.

Нивните препораки ќе ја поттикнат Владата да усвои попретприемачки став, како и да ги намали трошењата и бирократијата. Трамп веќе кажа дека ќе го укине Министерството за образование и ќе го остави школувањето на сојузните држави, а ќе ја отстрани и „длабоката држава“, кариерните федерални вработени за кои вели дека само ги следат своите цели.

Според сегашниот буџет, најмногу „јадат“ здравствените и социјалните услуги. Минатата година, социјалното осигурување изнесуваше 1,46 милијарди долари од владините трошоци, здравствената заштита изнесуваше 912 милијарди долари, а на „Медикер“ одеа 874 милијарди долари од владините трошоци.

Досега, околу 150 бизнис лидери ги разгледале владините трошоци и дале 2.500 препораки, но повеќето од нив бараат одобрение од Конгресот и никогаш не биле прифатени.

Многумина веќе ја истакнуваат иронијата во фактот што Одделот за ефикасност на државните трошоци е екипиран од богати луѓе како Маск и Рамасвами.

Рамасвами е милијардер, фармацевтски претприемач и поранешен републикански претседателски кандидат. Во случајот со ФБИ, тој би сакал да прераспредели дел од буџетот од 11,4 милијарди долари на Тајната служба и на Одбранбената разузнавачка агенција. Слоганот на неговата кампања беше „Затвори ги!“, а неговата книга од 2021 година „Woke INC“ ги осуди деловните стратегии што ги диктираат климатските промени.

На агендата на Маск се буџетски кратења од 2 трилиони долари, нешто помалку од една третина од трошоците на американската влада од 6,75 трилиони долари. Според планот на Маск, американската влада би го намалила бројот од околу 400 агенции и бирократијата на само 99.

Сепак, критичарите на овие идеи и економисти веруваат дека математички е невозможно да се најдат два трилиони долари.

Слични содржини