Русинката (60) која остави порака на гробот на родителите на Путин е осудена на условна затворска казна од две години. Обвинителството побара тригодишна условна казна за Ирина Цинбанева. Според порталот СОТА, 60-годишната жена не планира да поднесе жалба на пресудата.
Против Цинбанева во октомври беше отворена кривична истрага која во истиот месец покажа дека оставила порака на градските гробишта.
Рускиот портал „Медиазона“ објави дека во пораката мајката и таткото на Владимир Путин се споменуваат како „родители на лудак“ и се наведува дека „целиот свет се моли за неговата смрт“. „Смрт за Путин, одгледавте изрод и убиец“, се вели во пораката.
Властите ја обвинија Цинбанева според законот за нарушување на достоинството на починатите и гробиштата „врз основа на непријателска политика“.
По апсењето, на Цинбанева привремено ѝ беше одреден домашен притвор. Таа не негираше дека таа е автор на пораката, додава „Медиазона“. Објаснила дека пораката ја напишала откако ги гледала вестите и „сфатила дека се е многу страшно, тажно и има многу мртви“.