Одлична вест: Горан Пандев ја продолжува кариерата!

од Nikola Popovski
379 прегледи

Македонскиот напаѓач Горан Пандев одлучи да ја продолжи кариерата, пренесува познатиот новинар Фабрицио Романо.

38-годишниот фудбалер се согласил да потпише нов договор со Џенова до крајот на сезоната 2021/22.

Пандев минатата сезона одигра 29 натпревари во Серија А и постигна седум погодоци со три асистенции.

Легендарниот напаѓач ја предводеше нашата репрезентацијата на своето деби учество на Европските првенства и го постигна првиот гол на континенталниот шампионат.

Пандев се прости од репрезентативниот дрес после завршувањето на ЕУРО, но реши да помине уште една сезона во Џенова.

Македонецот замина од Беласица во Интер во Милано во 2001 година, а играше и за Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, а од 2015 година е во дресот на тимот од истоимениот град Џенова.

Слични содржини